Новости

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ПРЕС

Датум: 28/07/2017

На 28. 07 2017, на покана на претседателката на здружението ,,Сочувај, лекувај, асоцијација на пациенти со болести на црниот дроб-СЛАП, госпоѓата Билјана Мирческа се одржа прес конференција на која учество земаа и заменик министерот за здравство г-дин Гоце Чакаровски и претседателот на здружението на лекари по општа и семејна медицина –ЗЛОМ СМ, Др Катерина Ковачевиќ
Во своето обраќање др Ковачевиќ ја потенцираше клучната улога на избраниот доктор од примарното здравство во секојдневната грижа и третман на сите пациенти. Особен акцент се стави на навремената дијагностика и упатување до соодветните институции, како и адекватната превенција со редовна вакцинација на децата и ризичните групи на популација како би се допринело и во ерадикација на овој вирус кој е причина за многу компликации и смртни исходи. Како здружение Ја поздравуваме иницијативата на Министреството за здравство за изготвување на Национална стратегија и спремни сме да дадеме наш придонес како избрани доктори во спроведувањето на акциониот план од страна на Министерот