Активности

ЗАПИСНИК НА УО НА ЗЛОМСМ

Датум: 25/10/2012

З  А  П  И  С  Н  И  К

Од состанокот на УО на ЗЛОМ/СМ одржан на 25.10.2012 год.во 19 часот

Дневен ред

1.Информација од состанокот со Деканот на МФ Скопје,Продеканот за меѓународна соработка и Претседателот на МЛД

2.Разгледување на одговорот од ФЗО по повод испратеното писмо за соработка

3.Припреми за XXIII Симпозиум на ЗЛОМ/СМ 2013 год.

4.Информација за Конференцијата во Пловдив и пријавување

Т.1 Информација во врска со состанокот со Деканот на МФ Проф.д-р Никола Јанкуловски поднесе др.Шукриев кој истакна дека разговорот со Деканот  течел во многу пријатна и пријателска атмосфера без напнатост и нервоза.Деканот беше запознат со сите активности на Здружението,за неговото формирање и за целокупната досегашна активност што ја врши Здружението од неговото формирање па до денес.Др.Шукриев истакна во разговорот дека Здружението активно соработува со Центарот за семејна медицина во однос на КМЕ и КПР на лекарите во Македонија.Поред тоа Здружението организирало и бројни Симпозиуми,Конгреси,работилници ,стручни состаноци а е член и во Европското здружение на семејни лекари во кое има и свое преставници и во Асоцијацијата на лекари по општа медицина/семејна медицина на Југоисточна Европа во која членуваат 11 земји  разменувајќи мислења и имплеметирање на се она што е ново и од интерес за семејниот лекар во Македонија.
Деканот истакна дека со Здружението има соработка уште од 16-0т Симпозиум кога темите беа од областа на Хирургијата и на истиот беше предавач а како Декан на Медицинскиот факултет бил гост на многубројни Конгреси и Симпозиуми во организација на Здружението.Деканот истакна дека работата на Здружението му е многу добро позната,позната му е неговата активност,соработката со Центарот за семејна медицина,неговата мегународна соработка и дека во иднина ке ја подржува работата на Здружението и ќе ја дава целата подршка.
Потоа др.Шукриев поднесе информација за состанокот со продеканот за меќународна соработка истакнувајќи дека проф др.даниела Миладинова беше исто запозната со активностите на здружението а и беше кажано и за годишното собрание на Асоцијацијата јануари 2013 год.и замолена да ни помогне во состанокот којсакаме да го имаме со сите Катедри па и со катедрата по семејна медицина за запознавање на останатите за местото и улогата на семејна медицина како во земјата така и пошироко.
На крај др.Шукриев ја пренесе информацијата од состанокот со др.Јован Тофоски,Претседател на МЛД напомнувајќи дека од МЛД ја имаме целата подршка во нашата работа и помошта која ќе ни ја дадат во иднина ако ни е потребна.
Т.2 Во врска со одговорот на писмото од ФЗО се констатира дека одговорот не е реален и вистинит и д-р Ана Петрова со писмото кое го испратила всучност нема кажано ништо ново кое не е познато а она за кое баравме објаснување воопшто не е спомнато и мудро избегнато.Од тие причини се закажа состанок за следниот четврток каде се рече да се размисли и на следниот состанок да се испрати уште едно писмо до ФЗО.

Т.3 Се расправаше за 23-от Симпозиум кој ни престои и се дефинираа некои работи потребни за самата организација на Симпозиумот.
1.Теми – од Областа на Пулмологијата.Да се обработат одредени поглавлја со поканети предавачи од катедрите по семејна медицина на земјите во регионот како и предавачи од Пулмолошка Клиника за некои новини во областа на Пулмологијата.Се истакна дека на Симпозиумот треба да има две работилници кои ќе се од интерес за семејниот лекар.
2.Место – Дом на АРМ,Скопје
3.Дата – Симпозиумот да се оджи од 18 – 20.10.2013 г.
4.Краен рок за праќање на абстракти – 30.06.2013 г.
5.Котизација – 30 евра
6.За време на Симпозиумот нудиме:а)Реклами во книгата на абстракти-1,2,3,4 страна А5 формата во боја 500 евра,внатрешни страни – 300 евра
                                                                      б)Штанд -1м2 300 евра-најмалку 3м2-1000 евра
                                                                      в)Симпозиум – 500 евра ½ час
7.Да се испрати писмо до фирмите за одржување на симпозиумот
8.Да се направи сертификат во А5 формат
9.Папки – пластични за котизациониот материјал
10.Беџеви за учество
11.Коктел за отварањето,свечена вечера,музички дел
12.Да се направи Првото соопштение,да се напишат пропозициите за пишување,да се направи плакат и да се одредат Научниот и Организациониот Одбор т.е.за следниот состанок да се размисли и да се дојде со конкретни предлози.
Т.4 За Конференцијата во Пловдив се расправаше да се оди организирано и да се најде организиран превоз.Досега се пријавени околу 15луѓе и треба по маил да се обезбедат места во хотелот “Новотел”.Превозот е 35 евра по човек.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗЛОМ/СМ
Д-р НАДА АНИЦИН