Активности

Одбележување на 19 мај Светски ден на семејните и општи лекари

Датум: 08/05/2017

Депресија ,,Ајде да зборуваме”

Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина и оваа година ке го прослави 19 Мај денот на семејните и општи лекари.
Со оглед на нашата задача да се грижиме за целокупното здравје на нашите пациенти, земајќи го во предвид фактот дека во моментов 500 милиони луѓе во целиот свет страдаат од депресија со тенденција на пораст и недоволна детекција, оваа година ќе ставиме акцент на менталното здравје на нашите пациенти. Ја прифативме препораката на ВОНКА Светска Организација на Семјни и општи лекари , во која членуваме и ние , заедно со колегите од целиот свет да работиме под мотото Депресија ,,Ајде да зборуваме”, кое воедно беше мото при одбележување на Светскиот ден на здравјето ,, 7 ми Април”.
Сметаме дека е најсоодветно да го одбележиме 19 мај во нашите ординации , во работна атмосвера.
Лекарите ќе зборуваат со своите пациенти за нивните душевни тегоби но и ќе им помогнат да пополнат прашалник за самопроцена на депресија.
Довербата што ја имаат пациентите во своите матични лекари е еден од најважните фактори за рано откривање и навремено лекување на депресијата.
Во оваа активност ќе се вклучат специјалисти по семејна медицина и доктори по општа медицина од целата земја.
Ве покануваме и вие да бидете дел од оваа прослава

postpartum-depression1-550x425-1 teens depression

Сите кои сте заинтересирани линк можете да го симнете прашалникот за
Самопроцена на депресија во полето ,,Сезнајко“ 

19 Мај Светски ден на општи – семејни лекари
Мото : Депресија ,,Ајде да зборуваме “

Здружение на лекари по општа медицина – семејна медицина во соработка со АЛКАЛОИД Скопје, поддржано од Светска Здравствена Организација – Скопје

Претседател ,
Др Катерина Ковачевиќ