Новости

Календар за Имунизација 2019

Датум: 12/11/2019

Објаснување кон Календарот за имунизација:
¹ BCG вакцина се дава при отпуштање од родилиште. До крајот на првата година детето се вакцинира со BCG вакцина без претходно
туберкулинско тестирање.
² HepB вакцина се дава во првите 24 часа од раѓање како поединечна вакцина.
³ Детето се вакцинира (I и III доза) со шестовалентна вакцина која содржи (DTaP, Hib, HepB и IPV).
⁴ Детето се вакцинира (II доза) и ревакцинира (прва ревакцина) со петовалентна вакцина која содржи (DTaP, Hib и IPV).
⁵ Детето се вакцинира со три дози петтовалентна ротавирусна вакцина (RV5). Вакцинацијата започнува најдоцна до 12-неделна возраст.
Растојанието меѓу дозите е од 4-10 недели. Третата доза треба да биде дадена најдоцна до навршени 32 недели од животот.
⁶ Вакцинација со пневмококна вакцина се спроведува најдоцна до 5 години. Бројот на дози зависи од возраста на детето во моментот кога е
отпочната вакцинацијата.
Кај деца на возраст од 2 до 11 месеци се даваат две дози вакцина и една доза ревакцина (бустер).
Кај деца на возраст од 12 до 23 месеци, се даваат две дози на растојание не пократко од 2 месеци, без бустер доза.
Кај деца на возраст од 2 до 5 години се дава една доза вакцина, нема бустер доза.
⁷ Првата доза комбинирана МРП вакцина се дава на деца со навршени 12 месеци од животот, а втората доза (ревакцина) се дава при
започнување на основното образование.
⁸ Втора ревакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис се спроведува кај деца со неполни 7 години или со наполнети 7 години со давање
на една доза четиривалентна DTaP-IPV вакцина.
⁹ Трета ревакцинација против дифтерија и тетанус се спроведува кај деца во завршно одделение на основно образование со давање на една
доза тривалентна Td-IPV вакцинa.
¹° Четврта ревакцинација против тетанус се спроведува со давање една доза ТТ вакцина на 18 годишна возраст, односно во завршна година
на средното образование.
¹¹ Со ХПВ вакцина се вакцинираат само девојчиња со наполнети 12 години, со давање на две дози на вакцина, на растојание од 6 месеци.

Календар за Имунизација 2019