KME Настани

Добредојдовте

Датум: 06/05/2020

Почитувани Колеги!

Здружение на лекари по општа медицина семејна медицина – ЗЛОМ СМ, како стручно здружение чија цел е и континуирана медицинска едукација , ги продолжува своите активности во таа насока ,прилагодувајќи се на новонастанатата вонредна ситуација предизвикана од пандемијата од Ковид 19. Во тој контекст почнуваме со on line активности и во наредниот период ќе бидат организирани вебинари и on line предавања и работилници кои ќе бидат акредитирани од страна на ЛКМ.

Сите активности ќе бидат благовремено објавувани на нашата веб страна www.zlomsm.mk/ каде ќе ги добиете сите потребни информации.
ЗЛОМ СМ ќе се потруди да ви овозможи актуелна и безбедна едукација до моментот додека не се создадат услови да продолжиме со вообичаените КМЕ активностите.

Со почит
ЗЛОМ СМ