Новости

Едукативни работилници

Датум: 13/10/2020

Почитувани колеги,

Од 15 октомври до 27 октомври Центарот за семејна медицина во соработка со ЗЛОМ/СМ организира едукативни работилници во кои ќе се презентираат новите протоколи за водење на хронични незаразни болести кои се изготвуваат со посебен осврт на грижа за овие пациенти во услови на пандемија со Ковид-19.

Работилниците ќе се одржуваат on line од 18 до 20 часот преку zoom платформата.

Пријавување на работилниците на: http://workshops.semejnamedicina.mk/

Работилниците се бесплатни и акредитирани од Лекарска комора на Македонија со 2 бода. Сертификатот ќе го добиете на е-маил адресата која ќе ја внесете кога ќе се пријавите.