Новости

Eдукативни работилници за водење на Ментално здравје и Ковид 19

Датум: 04/11/2020

Почитувани колеги,

Од 04 ноември до 12 ноември Центарот за семејна медицина во соработка со ЗЛОМ/СМ организира едукативни работилници за водење на Ментално здравје и Ковид 19.

Работилниците ќе се одржуваат on line од 18 до 20 часот преку zoom платформата.

Пријавување на работилниците на: http://workshops.semejnamedicina.mk/ <http://workshops.semejnamedicina.mk/>

Работилниците се бесплатни и акредитирани од Лекарска комора на Македонија со 2 бода. Сертификатот ќе го добиете на е-маил адресата која ќе ја внесете кога ќе се пријавите.