Новости
Известување во врска со соопштението од Министерство за здравство ,, Специјалистите по семејна медицина можат да започнат постапка за трансформација на ординациите по општа во ординација по семејна медицина “
Датум: 22/08/2019
Почитувани
Здружението на лекари по општа семејна медицина ја поздравува заложбата на Министерствотоза здравство за унапредување на ПЗЗ и имплементација на семејната медицина. Препознавањето и признавањето на компетенциите на семејните лекари во здравствениот систем следеа откако се надополни правилникот за работа на ординација по семејна медицина, со листа на здравствени услуги кај специјалист по семејна медицина, со што се создадоа услови ординациите по семејна медицина да добијат дозвола– решение за работа од страна на Министерство за здравство.
Со овие измени сме еден чекор напред
Нареден чекор се преговорите со ФЗОМ и утврдување на услугите/пакетите на здравствени услуги кои ќе се пружаат на ПЗЗ, промена на режим на пропишување на лекови, начинот на упатување на повисоко ниво на здравствена заштита како и утврдување на начините на плаќање на здравствени услуги
Специјалистите по семејна медицина НЕ ТРЕБА ВЕДНАШ да достават барање до Министерство за здравство за преминување од ординација по општа во ординација по семејна медицина
Се надеваме дека во периодот што следи нашата соработка со МЗ и ФЗОМ ќе продолжат и дека до крајот на 2019 година ќе успееме да ги направиме сите потребни промени и во 2020 година започнеме со нивна имплементација
Здружението на лекари по општа – семејна медицина и Катедрата по семејна медицина при Медицински факултет во Скопје продолжуваат да се заложуваат за зајакнување на ПЗЗ како основен столб на здравствениот систем.
Со почит
Др Катерина Ковачевиќ
ЗЛОМ-СМ