Новости
Известување до матичните доктори за тестирање на SARS COV2 и други вируси
Датум: 17/01/2023
Почитувани,
Ве известуваме дека на Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицински факултет во Скопје, се изведува молекуларна детекција на вирусни предизвикувачи на респираторни инфекции со три теста:
- Тест за детекција само на SARS CoV 2 вирус
- Тест за детекција на: SARS CoV 2, Influenza А вирус и Influenza В вирус
- Тест за детекција на SARS CoV 2 вирусот истовремено со 15 други вирусни причинители на акутни респираторни инфекции: Influenza А virus, Human parainfluenza virus type 2, Human bocavirus, Human respiratory syncytial virus, Human adenovirus, Human coronavirus OC43, Human parainfluenza virus type 1, Human metapneumovirus, Human parainfluenza virus type 4, Influenza В virus, Human coronavirus 229E, Human rhinovirus, Human coronavirus HKU1, Human coronavirus NL63, Human parainfluenza virus type 3.
Повеќе информации на следниов линк:
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО МАТИЧНИТЕ ДОКТОРИ за тестирање на SARS-COV2 и други вируси