Новости

Известување за измена во закажување на прегледите кај Стручните комисии за конзилијарен преглед – помош и нега од друго лице

Датум: 10/02/2023

Известување за измена во закажување на прегледите кај Стручните комисии за конзилијарен преглед – помош и нега од друго лице

Во системот Мој термин е воведена измена за закажување на прегледи кај Стручните комисии за конзилијарен преглед – помош и нега од друго лице. Матичниот лекар издава упат за специјалноста конзилијарен преглед – туѓа помош и нега, кој се издава без определен термин. Матичниот лекар (како и до сега) задолжително пополнува податоци за Бартелов индекс. Упатот влегува во листа на чекање која се креира согласно датумот на издавање. Упатите потоа се распределуваат во комисиите хронолошки, по принципот „прв издаден – прв закажан“. Пациентот добива порака на смс за терминот и установата кога и каде му е закажан комисискиот преглед, а истата информација ќе може да ја следи и матичниот лекар во Мој Термин во посебно мени „Упати за конзилијарно мислење“.

Откако терминот ќе биде закажан, пациентот може да го подигне упатот кај својот матичен лекар и заедно со останатата документација да ја започне/продолжи постапката во надлежниот Центар за социјална работа.

Ви укажуваме на неколку важни точки:

  • За сите пациенти потребно е во упатот да бидат внесени точни податоци за телефонски број (мобилен) со цел да бидат правилно известени за закажаниот преглед
  • За ваков тип на преглед треба да се упатуваат само пациентите за сотојби/болести наведени во законските и подзаконските акти во кои е дефинирана оваа материја
  • Податоците за Бартелов индекс задолжително да се пополнуваат и да соодветствуваат на достапната медицинска документација
  • Упатот се печати и се заверува од матичниот лекар откако ќе биде закажан терминот (за што пациентот ќе добие смс порака), а воедно истото може да го провери и матичниот лекар во Мој Термин
  • При почетното користење на оваа новина да се земат во предвид и да се даде првенство на пациентите кои веќе чекаат да им биде закажан прегледот
  • Прегледот од страна на комисиите се спроведува непосредно, односно задолжително е присуство на пациентите
  • Сите до сега закажани прегледи со термин остануваат да важат, односно прегледите ќе бидат спроведени соодветно и за нив не е потребно да се креираат нови упати.

За оваа промена се известени и софтверските куќи кои исто така треба да ги прилагодат своите решенија. Промената во системот Мој Термин ќе биде овозможена во понеделник, 13.02.2023г во попладневните часови

Во прилог се наоѓа листа на установи во кои се спроведуваат прегледите како и тековен распоред по кој ќе се закажуваат пациентите. Распоредот може да биде променет согласно информациите за потребите за ваков тип на преглед, а кои ќе се добијат по одредено време од започнувањето на изменетиот начин на закажување.

 

10.02.2023, Скопје                                                      Управа за електронско здравство,

                                                                                    Министерство за здравство

 

 

Прилог – Распоред на упатување по општини

Општина на матичен лекар Комисија-Установа во која ќе упатува
Аеродром ЈЗУ УК за Неврологија
Арачиново ЈЗУ УК за Неврологија
Берово ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Битола ЈЗУ Клиничка болница – Битола „Д-Р Трифун Пановски“
Богданци ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија
Боговиње ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Босилово ЈЗУ Општа болница – Струмица
Брвеница ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Бутел ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ
Валандово ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија
Василево ЈЗУ Општа болница – Струмица
Вевчани ЈЗУ Општа болница – Охрид
Велес ЈЗУ Општа болница – Велес
Виница ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Вранештица ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Врапчиште ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Гази Баба ЈЗУ Градска општа болница 8-ми Септември
Гостивар ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Градско ЈЗУ Општа болница – Велес
Дебaрца ЈЗУ Општа болница – Охрид
Дебар ЈЗУ Општа болница – Охрид
Делчево ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Демир Капија ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија
Демир Хисар ЈЗУ Клиничка болница – Битола „Д-Р Трифун Пановски“
Зрновци ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Илинден ЈЗУ УК за Неврологија
Јегуновце ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Кавадарци ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија
Карбинци ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Карпош ЈЗУ Здравствен дом – Скопје – Поликлиника Букурешт
Кисела Вода ЈЗУ Здравствен дом – Скопје – Поликлиника Букурешт
Кичево ЈЗУ Општа болница – Охрид
Конче ЈЗУ Општа болница – Струмица
Кочани ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Кратово ЈЗУ Општа болница – Куманово
Крива Паланка ЈЗУ Општа болница – Куманово
Кривогаштани ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп
Крушево ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп
Куманово ЈЗУ Општа болница – Куманово
Липково ЈЗУ Општа болница – Куманово
Лозово ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Маврово и Ростуша ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Македонска Каменица ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Македонски Брод ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп
Могила ЈЗУ Клиничка болница – Битола „Д-Р Трифун Пановски“
Неготино ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија
Новаци ЈЗУ Клиничка болница – Битола „Д-Р Трифун Пановски“
Ново Село ЈЗУ Општа болница – Струмица
Охрид ЈЗУ Општа болница – Охрид
Петровец ЈЗУ УК за Неврологија
Пехчево ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Пласница ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп
Прилеп ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп
Пробиштип ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Радовиш ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Ранковце ЈЗУ Општа болница – Куманово
Ресен ЈЗУ Општа болница – Охрид
Росоман ЈЗУ Општа болница – Велес
Сарај ЈЗУ Здравствен дом – Скопје – Поликлиника Букурешт
Свети Николе ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Сопиште ЈЗУ Здравствен дом – Скопје – Поликлиника Букурешт
Старо Нагоричане ЈЗУ Општа болница – Куманово
Струга ЈЗУ Општа болница – Охрид
Струмица ЈЗУ Општа болница – Струмица
Студеничани ЈЗУ Здравствен дом – Скопје – Поликлиника Букурешт
Теарце ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Тетово ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
Центар ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ
Центар Жупа ЈЗУ Општа болница – Охрид
Чаир ЈЗУ Градска општа болница 8-ми Септември
Чашка ЈЗУ Општа болница – Велес
Чешиново-Облешево ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Чучер Сандево ЈЗУ УК за Неврологија
Штип ЈЗУ Клиничка болница – Штип
Шуто Оризари ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ