Новости

Известување за Кабинет за психофизиолошка проценка и психомоторна реедукација и релаксација на Кл. за Психијатрија

Датум: 09/07/2018

Известување за Кабинет за психофизиолошка проценка и психомоторна реедукација и релаксација

Почитувани,
Ве известуваме дека во ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје е отворен Кабинет за психофиолошка проценка и психомоторна реедукација и релаксација. Целта е да бидеме лесно достапни за пациентите со анксиозни и невротски состојби, како и интелектуални инхибиции за нефармаколошки третман. Третманот опфаќа специјалистички психијатриски преглед, психофизиолошка проценка (ЕЕГ) и 10 сеанси со специјален рехабилитатор и со психолог. Може да бидат упатувани и лица од 14-18 години како и возрасни пациенти.
Постапката на закажување пациенти преку Мој Термин е следна:
1. Матичниот лекар избира тип на упат: Специјалистички-Субспецијалистички упат.
    Лекарот специјалист избира тип на упат: Интерспецијалистички Упат.
2. Се избира специјалност: Психијатрија.
3. Се избира клиника: ЈЗУ УК за психијатрија.
4. Во полето лекар/апарат се избира: Кабинет за психофизиолошка проценка и психомоторна реедукација и релаксација.
Се избира посакуваниот термин и се закажува прегледот на пациентот.
 
Со почит.
ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје.