Новости
Известување за новиот конкурс за доедукација по семејна медицина
Датум: 09/01/2019
Почитувани,
Во врска со новиот конкурс за доедукација по семејна медицина http://www.semejnamedicina.mednet.mk/ ги информираме сите заинтересирани лица дека од Министерство за здравство, во повеќе наврати потенцираа дека со Семејна медицина се продолжува. Во Правилникот за специјализации и супспецијализации на здравствените работници со високо образование од областа на семејна медицина, стои дека доедукација по семејна медицина е со рок до 31.12.2020 година. Конкурс за доедукација се распишува два пати годишно (декември и јуни) а се започнува март и октомври. После овој рок, лекарите кои ќе сакаат да се стекнат со звање специјалист по семејна медицина , ќе имаат можност да запишат специјализација по семејна медицина во траење од 3 години. Во 2018 година согласно одлуката на Министерство за здравство за плаќање на приватни специјализанти, тоа право го стекнаа и специјализантите по семејна медицина.
Специјалистот по семејна медицина ќе дава здравствени услуги од областа на семејна медицина кои се разликуваат од услугите од областа на општа медицина.
Семејна медицина не е задолжителна.
Од Правилникот за специјализации,ги издвојуваме член 25 и 26, Службен весник бр.85 од 22 мај 2015 година – СЛВ :: JP Sluzben vesnik na RM