Ковид 19 - Новости
Известување за нови обуки за КОВИД – 19
Датум: 17/02/2021
Почитувани,
Ве информираме дека следните нови обуки за КОВИД – 19 се достапни на македонски и албански јазик, кои обуки ќе бидат акредитирани од Лекарската Комора на Република Северна Македонија.
Курс 7: Клиничко управување со пациенти со КОВИД-19 – Општи согледби (https://obuki.zdravstvo.gov.mk/login)
Курс 8: Установите за долготрајна нега во контекст на КОВИД-19 (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)
Курс 9: Стандардни мерки на претпазливост: хигиена на раце (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)
За да пристапите кон обуките на македонски и албански јазик потребно е да се најавите преку платформата на Министерството за здравство: https://obuki.zdravstvo.gov.mk
По завршувањето на обуките учесниците ќе можат да го преземат својот сертификат за обуката од самата платформа https://obuki.zdravstvo.gov.mk
Обуките се преведени како дел од проектот на Светската здравствена организација, под наслов: „Поддршка за јавното здравје и здравствените услуги за време на вториот бран на КОВИД–19 во Северна Македонија”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство и со поддршка од британската амбасада.
За повеќе информации погледнете го документот во прилог.
Срдечно,
Мој Термин
Министерство за здраство –
Управа за електронски здраство Скопје
ул. 50та Дивизија 14А, 1000 Скопје
02-15-444