Ковид 19 - Новости

Известување за ослободување од работа за посебни категории на осигуреници

Датум: 16/03/2020

Согласно задолжението од 16-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 11 март 2020 година, во врска со заклучокот под реден број 1, во врска со утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби: 1) Хронични респираторни заболувања; 2) Тешки кардиоваскуларни заболувања; 3) Дијабет – ТИП1; 4) Малигни заболувања; и Имуно-компромитирачки состојби, во прилог од Министерството за здравство е доставена Листа на дијагнози на хронични состојби добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија

Хронични респираторни заболувања:

  • ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
  • Астма – J45
  • Интестицијална фиброза – Ј84

Тешки кардиоваскуларни заболувања:

  • Срцева слабост со EF<40
  • Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
  • Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
  • Тешка аортна и митрална стеноза
  • Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
  • Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
  • Длабока венска тромбоза до 3 месеци

Дијабетес мелитус:

  • Диајабетес тип I
  • Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт,
    церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

Сите малигни заболувања – C00-C97

Имунокомпромитирачки состојби:

  • Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
  • Хроничен нефротичен синдром – N04.9
  • Интермитентна хемодијализа – Z99.2
  • Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
  • Некротизирачки васкулопатиx, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34