Ковид 19 - Новости

Известување за погрешно упатување од матични лекари на КОВИД пациенти во амбулантите на ИТМ

Датум: 20/01/2021

Почитувани Колеги,

Би сакале да ја споделиме со вас информацијата која е проследена до Министерството за здравство од Институтот за трансфузиона медицина со која се укажува на погрешно упатување од страна на поедини матични доктори на Ковид пациенти во амбулантите на Институтот. Би сакале да апелираме до сите колеги да се почитуваат препораките за упатување на Ковид пациенти како институциите би можеле непречено да работат.

Во прилог ви го испраќаме документот кој пристигна од МЗ.