Новости
Известување за промена во водење на позитивни КОВИД – 19 пациенти
Датум: 28/01/2022
Почитувани координатори и здруженија на матични лекари,
Ве молиме да ги известите сите матични лекари за следново:
Ве известуваме дека е донесена Одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.
Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот
на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи
растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање).
За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски
случаи да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура.
Лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот
случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.
Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица кои исполнуваат еден од следните критериуми:
Вакцинирани со КОВИД-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци;
Прележани со КОВИД-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци;
Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.
Во системот Мој Термин се подготвуваат измени во делот на работа на матичен лекар, во модулот за следење на Covid19 пациенти. Овие измени ќе бидат имплементирани на почетокот на следната недела, за што ќе биде прикачено и соодветно упатство.
Сите „затекнати“ случаи се проверуваат моментално во системот, и за сите ќе биде применет новиот заклучок, а согласно податоците кои ги има во системот, односно, сите симптоматски пациенти ќе бидат означени за оздравени и ослободени од изолација доколку има
поминато најмалку 10 дена од позитивниот резултат и не се водат како хоспитализирани, а сите лица кои се водени како асимптоматски ќе бидат оздравени доколку поминале најмалку 7 дена од денот на тестирањето.
Во новиот модул ќе биде изземена обврската за водење на извештаи за домашно лекување, но во следниве потребно е за пациентите кои се тестирани последниве неколку денови (заклучно со вчера) да ги евидентирате и дневните извештаи со цел да бидат оздравени врз
основа на тие податоци. Сите пациенти кои се веќе ослободени од изолација, а сте ги воделе во домашно лекување, не се наоѓаат веќе во листите, односно имаат статус оздравен.
Ви благодариме на соработката!
Со почит,
Управа за електронско здравство
Мој Термин
Министерство за здравство –
Управа за електронско здравство Скопје
ул. 50та Дивизија 14А, 1000 Скопје
02-15-444