Новости
Известување за состанок со Министерот за здравство
Датум: 24/08/2024
На 23.08.2024 ЗЛОМ СМ одржа состанок со Министерот за здравство Проф д-р Арбен Таравари на истиот се разговараше за
- Ингеренциите на специјалистите по семејна медицина и нивно соодветно плаќање
- Зголемување на капитација со соодветно зголемување и на платите на вработените лекари и медицински сестри.
- Барање за промена или укинување на уредбата за мрежа
- Електронско здраство
- Закон за докторска дејност
На средбата присуствуваа претседателот Д-р Драган Ѓорѓиевски и потпретседателот д-р Мирослава Димеска Шевченко кој за секоја точка доставија предлог како истото може да биде решено.