Новости

Известување за упатување до ПАЛИЈАТИВНА АМБУЛАНТА преку порталот МОЈ ТЕРМИН

Датум: 20/01/2021

Почитувани колеги,

Би сакале да ве известиме дека упатувањето до ПАЛИЈАТИВНА АМБУЛАНТА  преку порталот МОЈ ТЕРМИН, кое до сега беше само привилегија на лекари специјалисти од секундарно и терциерно здравство, во наредниов период ќе биде достапно и за сите матични и семејни доктори кои имаат потреба да закажат преглед на пациент со малигна дијагноза.

Исто така би сакале да ве известиме и дека во склоп на СБ за геријатриска и палијативна медицина ,,13 Ноември,,  почна повторно да функционира СЛУЖБАТА ЗА ПАЛИЈАТИВНА ГРИЖА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ  (ДОКТОР И СЕСТРА) за хронично болни пациенти , како и оние со малигна дијагноза закажувањето се врши  на тел 075498091 кај др Моника Луковска.

На овој начин се надеваме дека ќе им се излезе во пресрет на пациентите и семејствата на кои им се потребни овие услуги.

Со почит

ЗЛОМ СМ