Новости

Известување од МТСП

Датум: 06/05/2020

Ако може да се известат Комисиите за помош и нега од друго лице (туѓа нега) како и матичните лекари да во случај кога ќе им дојдат баратели кои ќе побараат закажување на преглед или на закажан преглед за Комисија за туѓа нега, задолжително да им го бараат и бројот на поднесокот од претходно поднесеното Барање за правото на туѓа нега од Центарот за социјална работа.

Бидејќи во пракса ни се случува ситуација во која, корисници кои одат прво кај матичниот лекар кој им закажува преглед за добивање на право на туѓа нега а немаат претходно поднесено барање до Центрите за Социјална Работа па кога од Комисиите за туѓа нега ќе го испратат мислењето ЦСР незнаат за кој пациент се однесува и затоа неможе да го формираат предметот на барателот бидејќи не е ни отворен како таков при ЦСР.