Новости
Информации – Службен Весник
Датум: 01/09/2023
Почитувани,
Во прилог ви доставувам примерок од Службен весник на РСМ, каде се објавени подзаконските акти и тоа:
- ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
- ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОБРАСЦИТЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ПРАВИЛНИКОТ ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ,
- ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РСМ, во делот на режимот на пропишување во согласност со Упатствата.
И примерок од Службен весник на РСМ, каде со објавени Упатствата за практикување на медицина базирана на докази и тоа:
- Упатство за практикување на медицина заснована на докази за водење артериска хипертензија на ниво на примарна здравствена заштита
- Упатство за практикување на медицина заснована на докази за превенција, дијагноза и водење преддијабетес, дијабетес мелитус тип 2, во здравствените установи од областа на општа/семејна медицина
- Упатство за практикување на медицина заснована на докази за третман на пациент со хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ на ниво на примарна здравствена заштита
- Упатство за практикување на медицина заснована на докази за дијагноза и водење на хипотиреоза на ниво на примарна здравствена заштита
- Упатство за практикување на медицина заснована на докази за третман на пациенти со астма на ниво на примарна здравствена заштита
Со цел навремено информирање, потребно е правните акти да ги препратите до сите здравствени установи кои имаат склучено договор со Фондот на ниво на вашата подрачна служба.
Со посебна напомена и внимание да бидат доставени до установите засегнати со спроведување на измените: привaтни здравствени установи
Клик за Службен Весник, измени од ФЗО согласно протоколите 23.08.2023