Новости

КМЕ – Он лајн едукација

Датум: 12/05/2020

Почитувани Колеги!

Здружение на лекари по општа медицина семејна медицина – ЗЛОМ СМ, како стручно здружение чија цел е и континуирана медицинска едукација , ги продолжува своите активности во таа насока ,прилагодувајќи се на новонастанатата вонредна ситуација предизвикана од пандемијата од Ковид 19. Во тој контекст почнуваме со on line активности и во наредниот период ќе бидат организирани вебинари и on line предавања и работилници кои ќе бидат акредитирани од страна на ЛКМ .

Сите активности ќе бидат благовремено објавувани на нашата веб страна zlomsm.mk во поле КМЕ каде ќе ги добиете сите потребни информации.
ЗЛОМ СМ ќе се потруди да ви овозможи актуелна и безбедна едукација до моментот додека не се создадат услови да продолжиме со вообичаените КМЕ активностите.

со почит

ЗЛОМ СМ

Почитувани,

Менталното здравје е висок јавно здравствен приоритет во услови на пандемија со КОВИД 19, на кој треба да работиме заедно сите здравствени работници во наредниот период.

Клиничките и јавните здравствени напори ќе треба да се фокусираат на акутните потреби за здравствена нега на оние кои се сериозно погодени, вклучително на лицата со претходно постојни, или на лица со ризик на појава на психијатриски нарушувања, вклучувајќи анксиозност, депресија, опсесивни симптоми, злоупотреба на супстанции, самоубиствено однесување, жртвите на насилство… Досегашните искуства на масовни кризни состојби посочуваат дека овие лица ќе бидат особено ранливи, со очекувана можност за појава на пандемија на менталните растројства поврзани со психосоцијалниот стрес.

Како да се зачува менталното здравје, како да се одговори соодветно на предизвиците кои ги носи оваа состојба на пандемија и на последиците кои веќе се чувствуваат, како да им се помогне на луѓето да се справат со тешкотии во менталното здравје во примарната здравствена заштита преку рутински скрининг за депресија, анксиозност или знаци на насилство, како и важноста и улогата на матичниот лекар во справување со овие состојби, ќе разговараме на онлајн едукацијата на Здружението на лекари по општа/ семејна медицина (ЗЛОМ/СМ) во соработка со Алкалоид АД Скопје и ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија , со наслов:
Справување со ургентни проблеми со ментално здравје во услови на криза –
грижата на матичните лекари за менталното здравје на фамилијата

    Предавачи:

  • Ковид 19 – Ризик за пандемија на депресија и справување со депресивните растројства
    Доц. Д-р Стојан Бајрактаров
  • Невротски состојби и справување со истите во услови на пандемија со Ковид 19
    Проф. Д-р Антони Новотни
  • Менталното здравје на жената во време на Ковид-19
    Проф.Д-р Славица Арсова

Модератор Доц. Д-р Стојан Бајрактаров

Состанокот е акредитиран од ЛКМ

За датум, време и регион за одржување на едукациите и за начинот на пристапување дополнително ќе бидете известени лично преку информативен меил од Алкалоид АД Скопје.