Новости

Конкурс за прием на кандидати за доедукација на здравствени работници-избрани лекари по семејна медицина

Датум: 19/12/2022

Врз основа на член 138 од Законот на здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.43/2012, 145/2012, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015, 17/2016, 37/2016, 37/2016 и 20/2019 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/2019) Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје објавува:

К О Н К У Р С

За прием на кандидати за доедукација на здравствени работници-избрани лекари по семејна медицина за 3, 6, 9 и 12 месеци

 

Медицинскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, за 2023 година, ќе врши прием на:

  • 50 кандидати за доедукација во Центарот за Семејна медицина во Скопје

Услови и критериуми за прием на доедукација:

  • Завршен Медицински факултет
  • Положен стручен испит
  • Стекната основна лиценца
  • Работен стаж во дејноста Општа медицина или работа како избран лекар минимум 14 години (за кандидати за 6 месеци доедукација)
  • Работен стаж во дејноста Општа медицина или работа како избран лекар помеѓу 7 и 14 години (за кандидати за 9 месеци доедукација)
  • Работен стаж во дејноста Општа медицина или работа како избран лекар минимум 3 години ( за кандидати за 12 месеци доедукација)
  • Положен специјалистички испит по општа медицина (за кандидати за 3 месеци доедукација)
  • Предност ќе имаат едукатори во ПЗЗ и доктори во рурални средини

Доедукацијата ќе се обавува според усвоената програма. Еднодневните модули ќе се реализираат за викенди во Центрот за семејна медицина во Скопје, а практичниот дел ќе се обавува во болнички оддели во Универзитетските Клиники при Клиничкиот Центар Скопје и утврдените амбуланти.

Рок за пријавување од ден на објава на огласот заклучно со 28 ДЕКЕМВРИ 2022 година

Документи за пријавување:

  • диплома и уверение со оценки за завршен Медицински факултет (нотаризирани);
  • Уверение за положен стручен испит и основна и работна лиценца (нотаризирана);
  • Копија од М1/М2 образец од Здравствена установа во која кандидатот е вработен;
  • Потврда за работен стаж (извод од ПИОМ или извод од Агенција за вработување);
  • Потврда од лекарот кој ќе го заменува кандидатот додека кандидатот е на доедукација;
  • Копија (заверена) од уверение за положен специјалистички испит по општа медицина (за кандидати за 3 месеци доедукација)

НАПОМЕНА: Доедукацијата ќе почне на 1 МАРТ 2023 г. Од 20.02.2023 до 24.02.2023 избраните кандидати да уплатат прва рата и да подигнат решенија од Деканат. Во тек на февруари ќе се формираат групи и ќе се распределат ментори. Потребно е кандидатите да ја организираат својата работа за да можат непречено да ја обавуваат доедукацијата (турнусите и викенд модулите) .

Програмата за доедукација може да се најде на www.semejnamedicina.mednet.mk

ОД МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ- СКОПЈЕ