Ковид 19 - Новости
Известување за нови обуки за КОВИД – 19
Датум: 08/03/2021
Почитувани,
Ве информираме дека следните нови обуки за КОВИД – 19 се достапни на македонски и албански јазик, кои обуки ќе бидат акредитирани од Лекарската Комора на Република Северна Македонија.
Курс 7: Клиничко управување со пациенти со КОВИД-19 – Општи согледби
Курс 8: Установите за долготрајна нега во контекст на КОВИД-19
Курс 9: Стандардни мерки на претпазливост: хигиена на раце
За да пристапите кон обуките на македонски и албански јазик потребно е да се најавите преку платформата на Министерството за здравство: obuki.zdravstvo.gov.mk.
По завршувањето на обуките учесниците ќе можат да го преземат својот сертификат за обуката од самата платформа obuki.zdravstvo.gov.mk.
Обуките се преведени како дел од проектот на Светската здравствена организација, под наслов: „Поддршка за јавното здравје и здравствените услуги за време на вториот бран на КОВИД–19 во Северна Македонија”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство
и со поддршка од британската амбасада.
За повеќе информации погледнете го документот во прилог,
Ве молиме мејлот да биде споделен со Вашите колеги, и доколку сте во можност да го објавите и на социјалните мрежи, а со цел помасовно следење на обуките од страна на сите здравствени работници во државата.
Срдечно,
Мој Термин
Министерство за здравство –
Управа за електронско здравство Скопје
ул. 50та Дивизија 14А, 1000 Скопје
02-15-444
—
Напомена: Информациите содржани во оваа електронска порака можат да бидат ДОВЕРЛИВИ и ПРИВИЛЕГИРАНИ и тие
се наменети за користење само од страна на примателот (-ите) наведени погоре. Доколку читателот на оваа порака не е лицето на кое таа му е наменета, Ве информираме дека какво било ширење, дистрибуирање или умножување на оваа комуникација, или кој било дел
од нејзината содржина, е строго забрането. Доколку сте ја примиле оваа порака по грешка, Ве молиме да ја препратите до испраќачот и да ја избришете оригиналната порака и сите нејзини копии од Вашиот компјутерски систем.