Новости

Одбележување на 19 мај – Светски ден на матичните лекари

Датум: 19/05/2021

Почитувани !

Здружението на лекари по општа – семејна медицина (ЗЛОМ/СМ) заедно со Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет Скопје и оваа година го одбележува 19 Мај под мотото:  

„Ја градиме иднината заедно со матичните лекари “

Здружението на лекари по општа медицина -семејна медицина како членка на WONCA , заедно со Центарот за семејна медицина- Медицински факултет Скопје и оваа година се придружува  во одбележувањето на 19 Мај –СВЕТСКИОТ ДЕН НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ под мотото ,,Ја градиме иднината со матичните лекари,,  

 Темата е во согласност и со СЗО која 2021 г. ја прогласи за ГОДИНА на здравствените работници  и се заснова на четири основни столба како  клучни елементи за  надминување на предизвиците кон подобра иднина.

ЧЕТИРИ СТОЛБА НА КАМПАЊАТА НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕМЕЈНИОТ ЛЕКАР 2021 ГОДИНА

  • Ја градиме  иднината со матичните  лекари и тимовите на примарна здравствена заштита – Сакаме да потенцираме дека матичните лекари кои работат заедно со здравствените работници од мултидисциплинарни тимови се клучни за зајакнување на здравствените системи и обезбедување висококвалитетна и прифатлива грижа за сите.

  • Ја градиме  иднината со матичните лекари и пациенти – Матичните лекари  обезбедуваат  пристап со фокус на пациентот, обезбедуваат постојана поддршка на пациентите и заедницата и обезбедуваат континуитет на грижата за време на целиот живот. Пациентите се во центарот на оваа прослава.

  • Ја градиме  иднината со матичните  лекари и новите технологии – Среде пандемијата КОВИД-19, новите технологии се појавија како основни алатки за здравствените работници да ја продолжат својата мисија.

  • Ја градиме иднината со матичните лекари и со ВАС ! –Вклучете се, подигнете го својот глас,пред нас се многу предизвици и препреки,  споделете ги вашите активности и напори и придонесете за градење на иднината заедно со семејните лекари!

Сите здравствени системи се стремат да обезбедат силна здравствена заштита

Тимовите од Примарна Здравствена Заштита се столбот на Здравствениот систем 

Тимовите на матичните лекари и нивните медицински сестри се ТИМ ОД ДОВЕРБА , Ние сме обучени да обезбедуваме континуирана, квалитетна нега, да одговориме на сите прашања и проблеми со кои се среќаваат пациентите независно од епидемиите или други препреки кои се околу нас .

Силен систем на примарна здравствена грижа е од суштинско значење за обезбедување на висококвалитетна грижа и спроведување на мотото на СЗО „Здравје за сите“.Примарната здравствена заштита е портата на здравствениот систем и социјалните услуги, каде што се решаваат здравствените потреби. Примарната здравствена заштита е грижа за луѓето и заедницата , а не само лекување на  болести и одредени состојби 

Силен систем на Примарна здравствена заштита преку обезбедување на 

Континуирана медицинска едукација и специјализација по семејна медицина со цел обезбедување на професионална квалитетна здравствена нега 

Развивање  на дигитални решенија за комуникација во примарна здравствена заштита и електронска комуникација со секундарно и терциерно ниво; 

Инвестиции во ПЗЗ и финансиска поддршка на амбулантите се со цел да може да обезбеди квалитетна здравствена грижа за пациентите;

Јакнење на мултисекторската соработка со патронажните сестри, социјалните служби, како и со тимовите од секундарно и терциерно ниво на здравствена заштита  со цел обезбедување на мултидисциплинарен пристап

Вклучување во донесување на одлуки во здравствените политики на земјата.

Пред нас се многу предизвици и препреки.

Почитувани колеги!

Пандемијата не научи  колку е важно да бидеме сплотени и да соработуваме, да си помагаме и да се поддржуваме . Покажавме дека се грижиме едни за други и дека сме си  потребни, зедно да  ги надминеме  сите предизвици пред нас. 

Благодарност до сите матични лекари

Останете горди и обединети. Не заборавајте, заедно ќе ги надминеме сите проблеми.

    Признание и почит  за целокупната посветеност и професионалниот ангажман на          

                      матичните лекари во справување со сите предизвици  

                       ,, Ја градиме иднината  заедно со матичните лекари  ’’

 

Здружение на лекари по општа медицина/семејна медицина

Претседател 

Др Катерина Ковачевиќ 

 

Координатор

Центар за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје

Проф.др Катарина Ставриќ