Новости
Одложување на конгресот
Датум: 16/03/2020
Почитувани Колеги!
Би сакале најпрво би сакале да ве известиме дека УО на Здружение на лекари по општа и семејна медицина -ЗЛОМ СМ донесе ОДЛУКА да го одложи одржувањето на 5 Конгрес и 25 Симпозиум кои требаше да се одржат од 23-26 04.2020 во Охрид. Истото е во согласност со препораките на МЗ и СЗО кои се однесуваат на забраната за одржување на манифестации заради прогласената пандемија на вирусот Ковид 19.
Во континуитет ќе ги следиме насоките од МЗ како и комисијата за заразни болести и искрено се надеваме дека состојбата со Ковид 19 нема да се влошува и наскоро ќе можеме да го објавиме новиот датум.