Новости

Одржан состанок – 01.02.2023

Датум: 08/02/2023

На 01.02.2023 во просториите на Мој термин се одржа состанок на кои се дадоа конструктивни предлози за промени и олесниување на начинот на Закажување .

Договорено е

  1. Да се започне со отверени листи за термините за туѓа нега , што значи матичните лекари ќе го искреираат упатот со бартоловиот индекс без потреба да бараат термин. Тој пациент влегува во листата на чекање и притоа мој термин му закажува и го известува по смс порака. Потребно е мобилните телефони на пациентите да бидат точни.
  2. Сличен ваков метод постепено планирано е да се воведува за Кардиологија, Урологија,Ендокринологија , Пулмологија,Ортопедија и Интерна Медицина како гранки кај кои има најголем проблем во закажувања на термини.
  3. Од моја страна реагирано е дека сме блокирани за упати без термин и итни упати до РТГ оделенијата на Здравствен дом Скопје како и Железара и Железничар при што со брза реакција на мој термин овие забрани се тргнати.
  4. Реагирано е дека не смее ниедна специалност да не блокира за итни или приоритетни упати.
  5. Беа приавени одередени специјалистички приватни институции кај кои се воочени мал број на термини или малверзации во креирање на истите
  6. Побаранао е поголем број на термини за ехо и мамографија или издвојување на термините за скрининг како посебни
  7. Побарани се посебни термини за обнова на извештаи за хронична терапија .

Присутни на состанокот беа

  1. Д-р Драган Ѓорѓиевски Претседател на ЗЛОМ СМ
  2. Д-р Лилја Чолакова Дервишова Претседател на ЗПЛРМ
  3. Жаклина Чагоровска Кординатор на Мој термин
  4. Претставници на Мој термин и Министерство за здравство