Новости

Подршка на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари во организирањето на протестот против насилството врз здравствените работници.

Датум: 17/09/2019

Почитувани Колеги!

Здружението на лекари по општа и семејна медицина -ЗЛОМ СМ ја дава својата безрезервна подршка на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари во организирањето на протестот против насилството врз здравствените работници.
Воедно би сакале да го иразиме и нашето незадоволство на нетранспарентноста на ЛКМ при организирањето на состанокот во Деканатот на медицинскиот факултет во Скопје, на кој се дискутираа теми за кои сме сите засегнати.
Нашето здружение активно ќе се вклучи на протестот на 18.09.2019
Ве повикуваме со нашето масовно присуство јасно да ставиме до знаење дека е
ДОСТА со насилството врз здравствените работници

со почит,
ЗЛОМ СМ