Активности
РАБОТИЛНИЦИ ЗА ФЗОМ 2017
Датум: 02/02/2017
Здружението на лекари по општа/семејна медицина ЗЛОМ-СМ и Здружението на лекари-албанци на Македонија SHMSHM, во соработка со Центарот за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје, за 2017 година подготвија работилници како дел од континуираната медицинска едукација за реализирање на цел согласно договорната обврска со ФЗОМ за 2017 година и се планирани следниве четири работилници:
- Дијабетична ретинопатија.
- Дијабетична нефропатија.
- Анемија кај деца.
- Белодробен карцином.
Покровител: Центар за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје
Времетраење: 1 час.
Дневен ред:
10:00-11:00 работилница 1
11:30-12:30 работилница 2
Котизација: 300,00 денари за една работилница. Работилниците се реализираат во блок две работилници во ист ден. Уплатата за сите 4 работилници е – 1200 денари.
Уплата да се врши на:
Примач: Македонско лекарско друштво – ЗЛОМ-СМ улица “Даме Груев број 3”
ж.сметка: 300000000211884
депонент: Комерцијална Банка
назнака: Едукации 2017 за ЗЛОМ-СМ.
Акредитирано во МЛД – со баркод. Согласно новите прописи кои се однесуваат на КМЕ, потребно е на секој Сертификат да се стави соодветен баркод за да биде валиден истиот. Баркодовите ќе бидат набавени од МЛД од страна на организаторот и истите ќе бидат достапни за време на реализацијата на Работилницата. Цената за баркодот е вклучена во уплатената сума за котизација.
Секоја од четирите работилници е акредитирана во ЛКМ – со 4 бода.