KME Настани
Известување за користење на онјлајн платформата за едукација
Датум: 16/08/2019
Почитувани колеги,
би сакале да ве известиме дека по направената анкета за потребите за онлајн едукација, Здружението на лекари по општа и семејна медицина во соработка со Центарот за семејна медицина, ја отпочна соработката со WCEA (World Continuing Education Alliance ltd), WMA (World Medical Association).
Резултатите од анкетата покажаа дека постои заинтересираност за ваков тип на едукација, а нашето здружение е носител на овие активности.
Членарината за истата изнесува 1200 ден, но ЗЛОМ СМ оваа година одлучи за своите членови кои ја имаат подмирено својата членарина, користењето на онлајн платформата до крајот на годината да биде ГРАТИС.
Сите колеги кои се заинтересирани да добијат линк до платформата на која има повеќе од 3000 КМЕ активности од сите медицински области, а наскоро и курсеви и на македонски јазик, ќе треба да достават по е-мејл уплатница за платена членарина или да ни посочат датум на уплата за проверка во МЛД и на тој начин ќе може да го добијат линкот за слободен пристап до истата до крајот на годината.
Колегите кои имаат платено да потврдат дали сакаат онлајн едукација, а другите кои во меѓувреме ќе платат, исто така да се изјаснат дали сакаат онлајн едукација и да достават уплатница на е-мајл.