KME Настани

5. Конгрес и 25. Симпозиум со меѓународно учество на Здружението на лекари по општа-семејна медицина (ЗЛОМ-СМ).

Датум: 03/07/2023

Од 18 до 21 мај во хотелот „Doubletree by Hilton“ во Скопје се одржа 5. Конгрес и 25. Симпозиум со меѓународно учество на Здружението на лекари по општа-семејна медицина (ЗЛОМ-СМ). Конгрес со богата и прецизно подготвена програма, распоредена во четири денови, посветени на хроничнитенезаразни заболувања во постковид пандемија и ургентните состојби во семејната медицина,обработени во рамки на Симпозиумот.  

На Конгресот имаше регистрирано околу 450 учесници, 16 европски професори и 12 македонски професори, како и голем број на семејни доктори, кои одржаа предавања распределени во десет сесии за кардиоваскуларните заболувања, хематолошките заболувања, респираторните, ендокринолошките, лонг ковид во интернистичките гранки, во неврологија и дерматовенерологија, како и слободни теми. Беа презентирани 41 орална презентација и 31 постер презентација. Учество земаа преку 30 фармацевтски компании, дел од нив имаа 15 сателитски симпозиуми. Конгресот имаше и четири работилници – две за ургентни состојби во семејната медицина, една за дерматоскопија и една за намалување на кардиоваскуларниот ризик кај пациентите со дијабет тип 2. Значајно беше и одбележувањето на Денот на семејниот лекар – 19 Мај со фрлање на балони во воздухот  на кој беа закачени пораки до здраствените власти

Конгресот ги помести границите во организирањето на конгреси во нашата земја и слободно можам да кажам дека  достигна едно  врвно ниво на организирање конгреси токму онаму каде што посакуваме да ја видиме примарната здравствена заштита и семејната медицина.

Семејните лекари се столбот на здраствената заштита , од нас се почнува и се завршува со нас . Токму затоа овогодинешното мото на Европска WONCA e Семејните лекари се срцето на здравствената заштита

  1. Конгрес и 25. Симпозиум со меѓународно учество на Здружението на лекари по општа-семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) поминаа во прекрасна атмосфера ,конгрес на кој покрајшто се разменија искуства меѓу учесниците беше и совршен спој на дружба. Особено ме радува фактот што многу млади колеги земаа учество на Нашиот Конгрес а дел од нив има и  свои излагања на истиот.

На конгресот  се доделиа и награди за прво второ и трето наградените во постер сесиите како и во слободните теми.

Прво место во постер сесијата доби Д-р Селма Рустеми со нејзината тема ,,Искуство од употреба на оксикодон/налоксон наспротив морфин во третман на силна болка кај палиативно болните пациенти  во Хоспис Сјурајдер во Скопје

Второ место во постер сесиите беше доделено на д-р Христијан Билески  со неговата тема Мицетизам-труење со габи

Трето место во постер сесиите беше доделено на  д-р Снежана Стојановиќ Ристиќ од Србија со нејзината тема Флуорона-приказ на случај

Во слободните теми прво место припадна на Д-р Катерина Андрееска со нејзината тема Влијанието на метаболниот синдром врз појава на кардиоваскуларни заболувања кај жените во постменопауза.

Второ место припадна на Д-р Билјана Јорданоска со нејзината тема Ризик фактори за смртност  кај Ковид 19-Приказ на случаии.

Трето место беше доделено на Д-р Сања Николова за  нејзината тема  Herpes zoster-oticus –Ramsay Hunt Syndrome без фацијална парализа.

Уште долго ќе се зборува за 5. Конгрес и 25. Симпозиум со меѓународно учество на (ЗЛОМ-СМ), кој навистина ги помести границите покажувајќи дека и во Македонија може да се организираат врвни настани од ваков тип.

Д-р Драган Ѓорѓиевски