Кои сме ние
Добре дојдовте на страницата на Здружението на лекарите по општа медицина-семејна медицина на Република Македонија кое е единственото национално, стручно здружение на лекарите по општа и семејна медицина во нашата земја. Здружението е формирано во 1947 година и е член на Македонското лекарско друштво(МЛД). Од тогаш во континуитет до денес согласно Статутот на МЛД ги следи потребите од едукација и професионалрн развој на лекарите од примарна здравствена заштита (ПЗЗ).
Здружението организира стручни состаноци, конгреси, симпозиуми, работилници, акредитирани од Лекарска комора на Македонија(ЛКМ) како форма на Континуирана медицинска едукација (КМЕ) и Континуиран професионален развој(КПР).
ЗЛОМ-СМ е активен член на Асоцијацијата на лекарите по општа медицина-семејна медицина на Југоисточна Европа (Association of general practice/family medicine of South-East Europe-AGP/FM SEE) и во моментов претседателствува со истата. Здружението е член на Европското и светското здружение на лекарите по општа-семејна медицина WONCA(World Organization of National Colleges, Academies and Academic Associations of General Practitioners/Family Physicians) од каде ги користи позитивните искуствата од другите земји за унапредување на семејната медицина во нашата земја и ја развива меѓународната соработка. ЗЛОМ-СМ исто така е и активен член на: