Новости

AirFluSal Forspiro

Датум: 23/04/2015

Почитувани,

Со задоволство би сакале да Ве информираме дека  фармацевстката компанија ЛЕК Скопје на пазарот има препарат за третман на Астма и ХОББ .

AirFluSal Forspiro содржи веќе докажана комбинирана терапија, Fluticasone propionate и Salmeterol  и е на позитивна листа ,без доплата .

AirFluSal Forspiro инхалерот е содзаден по препорака на пациентите кои веќе користеле инхалациона терапија и е со исклучителна лесна техника на инхалирање.

Содржи механизми (аудитивен и визуелен )кои му овозможуваат на пациентот да биде сигурен дека правилно ја активирал дозата и правилно инхалирал.

Содржи вкупно 60 дози,инхалерот е мал и лесен за носење, едноставен за учење и со него пациентот точно знае која доза ја зема во моментот,колку дози му преостануваат и дали правилно ја земал дозата.

За подетални информации може да го погледнете флаерот во прилог.

 

Поздрав Ваш,

Лек

Flaer – AirFluSal (кликни тука)