Новости

ЕДУКАЦИЈА НА МАТИЧНИТЕ ДОКТОРИ ЗА КРК

Датум: 30/08/2013

На седница на Влада на Р.М. е донесена одлука за задолжителна едукација на матичните доктори за рана детекција на колоректален карцином.

Министерството за Здравство одлучи едукацијата да ја спроведува Центарот за семејна медицина. Едукацијата ке трае еден час, ке биде бесплатна и мора да ја завршат сите матични доктори за што ке добијат сертификат.

Истата ке се изведува во центрите за семејна медицина а во градовите каде што непостојат ке се обезбедат простории се со цел докторите да не патуваат.

Распоредот за едукацијата ке биде накнадно објавен.