Активности

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ЛЕКАРИ ПО ОПШТА/СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Датум: 09/01/2013

Почитувани,

Ве известувам дека во периодот од 10 -13.01.2013 год. во Скопје,Асоцијацијата на лекари по општа/семејна медицина на Југоисточна Европа ќе го одржи своето годишно Собрание.

ДНЕВЕН РЕД:

1.Специјализацијата по семејна медицина и доедукацијата во земјите членки на Асоцијацијата – Претседателите на здруженијата
2.Извештај во врска со припремите за III Конференција на Асоцијацијата во Белград од 11 – 14.04.2013 год. – Др.Мирјана Мојковиќ
3.Извештај во врска со одржувањето и припремите на III Конгрес на Асоцијацијата
во Сараево 2014 год.и предлог теми за истиот – д-р Миоковиќ и д-р Азијада
4.Поднесување на финансиски извештај на Асоцијацијата за 2012 г.-д-р Љ.Шукриев
5.Активности на Асоцијацијата за 2013 год. – д-р Љ.Шукриев
6.Активности на здруженијата за 2013 г. – Претседателите на здруженијата
7.Презентација на ажурираната веб страна на Асоцијацијата – Дарко Аницин
8.Членарина на Асоцијацијата
9.Активности на катедрите по семејна медицина за 2013 г.и план на координација – д-р Бисерка Бергман- Марковиќ
10.Водење на Студијата “Насилството врз лекарите од страна на пациентите”и претсавување на истата на Конгресот во Сараево-продолжение-д-р Ксенија Тушек-Булц
11.Предлози за водење на проекти на ниво на Асоцијацијата(Југоисточна Европа)
12.Разно

Вашето присуство е задолжително.
Сместувањето е на рачун на организаторот освен патните трошкови.

Со почит,

Претседател на А ОМ/СМ ЈИЕ
Прим.д-р Љубин Шукриев