Активности
ИЗВЕШТАЈ ОД СОСТАНОКОТ СО МЗ
Датум: 21/12/2012
На ден 21.12.2012 година во просториите на Министерството за здравство на Република Македонија , представници на ЗЛОМСМ одржаа работен состанок со господинот м-р Никола Грпчевски, советник во Кабинетот на Министерот за здравство.
Представниците на ЗЛОМСМ на почетокот ги презентираа сите досегашни како и идни активности на здружението како што се наредната конференција на Асоцијацијата на лекари по општа/семејна медицина од Југоисточна Европа во април 2013 во Белград и 23-от Симпозиум на ЗЛОМСМ во октомври 2013 во Скопје.
На состанокот беше упатена покана до Кабинетот на министерот за учество на состанокот на Асоцијацијата на лекари по општа/семејна медицина од Југоисточна Европа кој ќе се одржи во јануари 2013 во Скопје , во рамките на кои ќе биде организирана тркалезна маса на тема:
„Специјализација по семејна медицина и доедукација„ на која ќе земат активно учество представници од сите 11 членки на Асоцијацијата.
На состанокот беа разгледани меѓудругото и неколку актуелни теми од областа на семејниот лекар и примарна здравствена заштита( КМЕ, Мрежа на здравствени установи, организација на дежурства).
На крајот од средбата беше донесена заедничка намера за интензивирање на соработката со Министерство за здравство и ЗЛОМСМ во форма на редовни состаноци, експертски мислења и др.