Новости

Календар за Cutch up имунизација

Датум: 12/11/2019

1 Децата кои сeуште не се вакцинирани против туберкулоза, подлежат на задолжителна BCG вакцинација до наполнети 14 години од животот,
по претходно туберкулинско тестирање.
2 Децата кои не се вакцинирани или се непотполно вакцинирани со HepB вакцина, се вакцинираат/ги примаат дозите на вакцина кои им
недостигаат, најдоцна до отпочнување на основното образование (по шема 0, 1 и 6 месеци).
3 Вакцинацијата против дифтерија, тетанус и пертусис се спроведува кај деца од навршени 5 до навршени 14 години живот, ако дотогаш не
се вакцинирани против овие заболувања или ако нема докази дека се вакцинирани, со давање на три дози четиривалентна вакцина (DTaPIPV) и тоа: прва доза на вакцината се дава веднаш, втората доза се дава на растојание не пократко од 1 месец од претходно дадената прва
доза, а третата доза на растојание не пократко од 1 месец од втората доза и препорачано не подолго од 6 месеци од првата дадена доза. Ако
детето претходно примило само една доза вакцина, ги примаат дозите кои недостигаат, до вкупно три дози и тоа втората доза веднаш третата
доза на растојание не пократко од еден месец од втората доза. Ако претходно примило две дози вакцина веднаш ја примаат третата доза
која му недостасува.
Ревакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис се спроведува една година од комплетирањето на вакцинацијата (со три дози) со давање
на една доза четиривалентна DTaP-IPV вакцина. Ревакцинацијата ќе се спроведува зависно од возраста на детето и претходно примените
дози, најдоцна до 14 годишна возраст.
3* Поради промената во Календарот за имунизација, со која од 01.01.2017 година е укината ревакцинацијата со DTwP на 4- годишна возраст,
децата од второ одделение (на 7- годишна возраст) кои примиле DTwP како втора ревакцина на 4-годишна возраст, ќе се ревакцинираат со
dT-IPV вакцина, додека децата кои не примиле DTwP како втора ревакцина на 4-годишна возраст ќе се ревакцинираат со DTaP-IPV.
4 Ревакцинација против дифтерија и тетанус се спроведува кај деца над 14 годишна возраст кои ја пропуштиле редовната вакцинација со
давање на една доза тривалентна dT-IPV вакцинa, најдоцна до 18 годишна возраст.
5 Вакцинацијата против детска парализа се спроведува со давање на три дози вакцина која содржи компонента на IPV (DTaP-IPV или dT-IPV
зависно од возраста и дозите кои му недостасуваат), најдоцна до 14 годишна возраст. Растојанието помеѓу две дози на вакцина не треба да
бидат пократко од 4 недели.
Ревакцинација против детска парализа се спроведува една година од комплетирањето на примовакцинацијата (со три дози) со давање на
една доза DTaP-IPV вакцина или dT-IPV зависно од возраста и дозите кои му недостасуваат на лицето во моментот на вакцинација.
Ревакцинацијата ќе се спроведува зависно од возраста на лицето и претходно примените дози, најдоцна до 14 годишна возраст.
6 Ако од било кои причини детето не е вакцинирано согласно Kалендарот, ќе се вакцинира и ревакцинира со MRР вакцина на растојание од
најмалку 4 недели меѓу двете дози, нajдоцна до 14 годишна возраст.
7 Со ХПВ вакцина се вакцинира, по правило, нajдоцна до 14 годишна возраст согласно календарот. Вакцинација кај девојчиња над 15 годишна
возраст се врши со давање на три дози вакцина во период од 6 месеци. Растојанието помеѓу првата и втората доза ХПВ вакцина не треба да
е пократко од 1 месец. Третата доза се дава на растојание не пократко од 1 месец од втората доза и на растојание 6 месеци од првата доза.

Календар за Cutch up имунизација