Новости
КОЈ Е КОЈ ВО КОНТИНУИРАНАТА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА
Датум: 30/07/2012
СЕ ОБИДУВА ЛИ НЕКОЈ ДА ГИ ПОЛАРИЗИРА ЛЕКАРИТЕ ОД ОПШТА И СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА?
Не јасно, кому е потребна поделбата меѓу лекарите од општа практика, основната алка на здравствениот систем кои имаат многу одговорна задача покрај зачувување на здравјето на населението да ги намалат трошоците што Фондот
Очигледно, крајно е време одговорните во Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија да сфатат дека кога за стручни прашања, за континуираната медицинска едукација или професионален развој разговараат со Здружението на приватни лекари на Македонија, разговараат со погрешен партнер. Со ваквиот приод што почнуваат да го практикуваат и Министерството и Фондот едноставно е спротивен на решенијата од подзаконските акти што ги потпишува токму министерот за здравство.
Повод за овие укажувања е редовна годишна средба на Фондот за здравствено осигурување со избраните –матични лекари, под покровителство на Здружението на приватни лекари на Македонија, на средбата присуствуваше и министерот за здравство одржана на 29 август. Главна тема, според соопштението од Фондот за здравствено осигурување била превентивните мерки и активности (цели) кои ги даваат матичните лекари.
На работната средба, се вели во соопштението се дискутираа можностите за нови превентивни мерки и активност, замена на постоечки и ревидирање на листата на истите. Превентивните мерки и активности (цели) кај матичните лекари за прв пат се воведоа 2007 година како дел од капитација (исплатата) и претставува реформа за која ФЗОМ за прв ја воведе пред земјите од регионот, Македонија и матичните лекари добија највисоки пофалби од стручната јавност во нашето опкружување за унапредувањето на превенцијата во примарното ниво за здравствена заштита.
Тоа е она што се случувало на „редовната средба”. Но, во Правилникот за облиците, критериумите и распоредувањето на облиците на стручното усовршување за обновување на лиценцата за работа на здравствените работници со високо образование од областа на медицината, потпишан од министерот за здравство, пишува нешто сосема друго:
„Стручното усовршување го спроведуваат Македонско лекарско друштво, стручни здруженија членки на Македонско лекарско друштво и други стручни здруженија.
Организатори на разни форми на стручни усовршувања можат да бидат и Министерство за здравство, медицински факултет, МАНУ, клиника, институт, здравствена установа и организации од областа на здравството.”
Не е спорно Здружението на приватни лекари да разговара за прашања што се однесуваат на нивната работа, за содржината на договорите, за односите со Фондот и Министерството и слично. Ова е уште поразбирливо ако се има предвид дека Здружението на приватни лекари се членка на Стопанската комора на Македонија. Со право, ако се има предвид дека тие се работодавачи во здравствените установи во кои работат и вработуваат помошен медицински и друг персонал.
Но, кога се расправа за стручни прашања, посебно за превентивните мерки, тоа е задача на Здружението на лекари од општа и семејна медицина. Ова здружение заедно со другите здруженија, но и со Центарот за семејна медицина се компетентни да ги утврдат приоритетите и да се организираат да ги пренесат на матичните лекари. Соработката на приватните доктори може да биде само добредојдена.
Ваков обид за упад во системот се случи на почетокот на оваа година кога Фондот за здравствено осигурување и Здружението на приватни лекари се обидоа да ги земат конците во свои раце. По неколку состаноци во Фондот и во Македонско лекарско друштво, на кој присуствуваа и претставници на Центарот за семејна медицина се чинеше дека недоразбирањата се надминати.
Средбата во Фондот за здравствено осигурување од 29 август не само што збунува туку и отвора многу прашања. Дали во сето ова, со заобиколување на Здружението на лекари од општа и семејна медицина, има некои скриени намери. Уште повеќе што на средбата во Фондот Здружението на Македонско лекарско друштво не беше ни покането да присуствува.
Не јасно, кому е потребна ваквата поделба меѓу лекарите од општа практика. Зошто со ваквиот однос се прави раздвојување во телото на основната алка на здравствениот систем, матичните доктори кои имаат многу одговорна задача покрај зачувување на здравјето на населението да ги намалат трошоците што Фондот ги издвојува за вториот и третиот степен на здравствена заштита.