Активности

НАШИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОГОВОРИТЕ СО ФЗО

Датум: 25/09/2012

После вчерашниот состанок и можноста што ни беше дадена а почитувајки го ветеното, Ви ги доставуваме нашите предлози во врска со новиот договор што треба да се склучи со ФЗО

Предлагаме:

1. Да се почитува рокот на исплата на капитација најдоцна до 60-от ден од истекот на последниот ден од месецот за кој се плака.

2. Корисниците на просторот издаден од здраствениот дом да платат закупнина и режиски трошоци за месецот за кој е веќе исплатена капитацијата – значи прво капитација па потоа плаќање на закупнина и режиски трошоци.

3. Да се “ослободат” матичните лекари од генерики кои се со препорака од специјалист и субспецијалист. Нашето искуство покажа дека специјалистите и субспецијалистите многу лесно посегнуваат по најскапите лекови а секако дека треба да водиме сметка и да го спазиме правилото на препишување на лекови према медицина базирана на докази.

4. Казната за надминати рецепти да се замени со награда одреден процент (како хрватскиот модел) за оние доктори кои нема да ја надминат сумата за рецепти. Па наместо казнување да има наградување.

5. Да се воведе 100% исплата до 3000 поени а не како десега до 2500 остварени поени.

6. Да се воведе известување преку електронско сандаче за матичниот лекар за пациенти кои сами се одјавиле од Фондот.

7. Поголем дел од повреди за кои постои договорна казна во висина на една половина или една четвртина да се заменат со опремена од прв, втор и трет ред пред изрекување на договорена казна.
8. Во иднина да се размислува за решавање на статусот на сегашните и идните специјалисти по семејна и специјалисти по општа медицина. Во врска со овој предлог сметаме дека во иднина ке треба да имаме состанок или работилница со ФЗО и ЗЛОМСМ за да се подробно разгледаат и решат сите проблеми и прашања.

9. КМЕ во иднина да се одвива преку Центарот за семејна медицина и ЗЛОМСМ ( Здружение на лекари по општа медицина/семејна медицина).

10. Во Иднина ке треба да се разговара во врска со проблемот за решавање на статусот на лекарите запослени кај концесионери кои заминуваат во пензија. Бидејки ова е прашање и во доменот на Министерството за здравство ке треба заеднички состанок на трите субјекта (МЗ, ФЗО и ЗЛОМСМ) во правилното решавање на овој проблем.

11. Предлагаме во иднина да се направи награда или пофалба од страна на ФЗО за лекари кои во текот на годината не биле казнувани од страна на ФЗО.

12. Списокот на нулта осигуреници (наводно без осигурување) е нереален и на истиот треба да се направи ревизија.

Со почит,

УПРАВЕН ОДБОР НА ЗЛОМСМ