Активности

ПОКАНА

Датум: 15/01/2013

Драги колеги,

Сакам да ја искористам оваа можност да Ве поканам и да Ви посакам да поминете пријатни стручnи моменти на две актуелни предавања од областа на трауматологијата.

1. Рамена протеза кај фрактури на проксимален пол на хумерус. Современие и иднина.

2. Артроскопија на рачен зглоб кај фрактури на дистален радиус асоцирани со лигаментани лезии.Нов третман за стар проблем.

Во договор со организацискиот одбор на ЗЛОМСМ се одлучивна овие современи теми пред се поради стручната и професионална информираност на Вас како колеги,пријатели а од друга страна бидеејќи Вие сте многу важна алка во третманот на вашите траума пациенти за кои до скоро медицинската наука немаше одговор. За срека во последната декада со новите оперативни техники и модерната опрема се овозможува на траума пациентите брзо и безболно враќање на своите секојдневни активности било во кругот на своето смејество или пак на работното место.

 

Срдечен поздрав
Проф Др Виктор Камилоски