Новости

Покана за празнување на 19ти Мај – Светски ден на општ – семеен доктор

Датум: 11/05/2018

Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина на Р.Македонија, член на Македонско Лекарско Друштво и оваа година  ќе го прослави 19ти Мај  Светскиот ден на  општи -семејни лекари, заедно со своите колеги од целиот свет
Мотото  за овогодинешното одбележување на 19ти мај е Семејни-општи лекари – лидери на патот до подобро здравје, по препорака на WONCA “Family doctors – leading the way to better health”.
Со одбележување на овој ден сакаме да ја истакнеме улогата и придонесот на матичните лекари во системот за здравствена заштита ширум светот. Овој nастан е прекрасна можност да се признае нашата централна улога во обезбедувањето на лична, сеопфатна и континуирана здравствена заштита за сите наши пациенти.
По тој повод ве покануваме да земете активно учество во одбележувањето на 19ти мај.
Земајќи во предвид дека се грижиме за целокупното здравје на нашите пациенти и имаме централна улога во обезбедувањето на севкупната здравствена заштита, одлучивме дека е најсоодветно секој од нас да организира активности во својата амбуланта или средина во која работиме, на начин на кој сметаме дека е најсоодветен за нашите пациенти или заедно со нашите пациенти (промоција на здравје и здрави навики, превенција – идентификација на ризик, имунизација, скрининг, едукација и советување).
На овој начин сакаме да ја потенцираме улогата на матичните лекари во промоцијатато на здравјето и рано откривање на болести. Нашате цел е да им помогнеме на нашите пациенти да превземат контрола врз своето здравје и да ги зголемат можностите за развој и унапредување на истото.
Пациентите му веруваат на својот матичен лекар.
На институциите им преостанува да не препознаат и де ги признаат нашите вредности и компетенции. Само на тој начин матичните лекари (општи лекари, педијатри, специјалисти по школска медицина, специјалисти по трудова медицина, специјалисти по општа медицина, специјалисти по семејна медицина ), ќе се доближат до семејните- матичните лекари од целиот свет .

Здружение на лекари по општа медицина/семејна медицина
Претседател
Др Катерина Ковачевиќ