Новости

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО

Датум: 17/04/2015

Почитувани,

Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од Обединетите нации (ЕЦПД), во рамките на ЕЦПД Меѓународната програма за трансфер на системот на знаење, и во соработка со Министерството за здравство на Република Србија, Министерството за здравство на Црна Гора, Министерството за здравство на Федерацијата Босна и Херцеговина, Светската федерација за срце (WHF), Европската асоцијација за кардиоваскуларна превенција и рехабилитација (EACPR), Фондот за здравствено осигурување на Република Српска, Техничкиот универзитет во Берлин, Health Consumer Powerhouse (Шведска) и Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN) ги организира традиционалните Летни школи и Регионални конференции од следните области:

1. ЕЦПД Меѓународната специјалистичка школа “Современите достигнувања во превенцијата, лечењето и рехабилитацијата на болестите на зависност“ (Котор, 29-31 мај 2015).

2. ЕЦПД Меѓународна летна школа “Менаџмент на здравствените институции“ (Милочер, 29 јуни-3 јули 2015).

3. ЕЦПД Меѓународна летна школа за кардиоваскуларни болести (Милочер 6-10 јули 2015).

4. ЕЦПД Меѓународна летна школа за репродуктивно здравје (Милочер 6-10 јули 2015).

5. ЕЦПД Регионална конференција “Фармакоекономските аспекти во здравствените системи на Југоисточна Европа“ (Бриони, 18-19 септември 2015).

Ве покануваме да земете учество во работата на Школите и на Регионалната конференција и да ја искористите можноста да бидете на едно место со здравствените менаџери и со другите носители на одлуки во системите на здравствената заштита во регионот на Југоисточна Европа, водено од исклучително актуелни и престижни предавачи, во атмосфера на отворен дијалог, разменување на искуства и иновации во областите на здравствениот менаџмент, и со квалитет гарантиран со меѓународна цертификација.

За Програмите, апликацијата, и за подетални информации обратете се во канцеларијата на ЕЦПД во Скопје, на нашите контакти:

ЕЦПД Регионален институт за развојни студии, ул. Железничка 30/1, тел. 071 908 630, e-mail: [email protected]

Со почит,

ЕЦПД РИРС