Активности

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Работилници ФЗОМ/Центар за семејна медицина, Медицински факултет

Датум: 10/02/2013

ОДРЖУВАЊЕ НА РАБОТИЛНИЦИ ЗА 2013 ГОДИНА

Почитувани колеги Ве известуваме дека и оваа година Центарот за семејна медицина -Медицински Факултет Скопје во договор со
Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување ги организира овие работилници за исполнување на целите согласно
Анекс договорот кој избраните лекари го имаат потпишано за 2013 година.
Сертификатите и од Медицински Факултет ќе бидат признаени од страна на Фондот за здравствено осигурување на
Македонија за исполнување на целите.

  • Хронична оструктивна болест и бронхијална астма
  • Депресија (дијагноза и терапија)
  • Рационална употреба на антибиотици согласно упатствата на медицина базирана на докази
  • Кардиоваскуларни ризици – превенција, дијагноза и терапија на хипертензија

Работилниците се одобрени од МЛД, акредитирани од ЛКМ.
Акредитација: 11 бода за слушатели
Времетраење: 4 часа 09.00 -13.00 (работен ден од 14:30-18:30 часот)
Учесници: 25-30
Место:
Едукатвен Центар Скопје, Прилеп, Велес, Струмица, Тетово
Во други градови низ Македонија, на иницијатива на докторите доколку се оформи група од минимум 20 учесници.
Користена литература:
Упатства за практикување медицина базирана на докази – EBM guidelines (Р.Македонија, 2007/2010/2012 година)
Cochrane-EBM

Цена на чинење:
Уплата за 1 работилница 1500,00 денари
Уплата за 2 работилници 2500,00 денари

Пријавување на страната на www.semejnamedicina.mednet.mk.

——————————————————————————————————————————————–

Задачи на работилницата :

Астма
Дијагноза и терапија на астма кај возрасни и деца
Терапија на акутни егзацербации на астма
Подговтвување на личен план за водење на астма
HOBB
Скрининг и рано откривање на пациенти со  HOBB
Грижа за пациент со  HOBB во амбуланта на семеен лекар
Третман на акутни егзацербации на HOBB
Техники за промена на навики – одвикнување од пушење

Клинички вештини:
Користење на пикфлометрија за водење на пациент со астма
Апликација на инхалативна терапија – едукација на пациент
Терапија и водење на астма

Работилница Менаџирање на депресија и афективни растројства во семејна медицина

Задачи на работилницата:

Да препознае нормална психолошка реакција на различни животни настани
Да препознае депресивни растројства и суицидален ризик
Фармаколошка и нефармаколошка терапија
Критериуми за боледување
Да диференцира психолошки стрес од психијатриско нарушување
Да го менеџира акутното афективно нарушување
Да демонстрира емпатиски пристап кон пациентот
Да комуницира ефективно со мултидисциплинарен тим, вклучително и психијатар
Свесност за врската лекар-пациент за терапијата
Да ја земе во обзир социјалната стигма за пациентот и етичките и културелни карактеристики на афективните нарушувања

Клинички вештини:
Да направи преглед на психички статус и да процени суицидален ризик
Да направи план за менеџирање на афективното нарушување

Работилница РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ ВО ПЗЗ

Цели и задачи на работилницата:

Оценка на потребата да се намали ризикот од пропишување на антибиотици
Дискутира за важноста на безбедно препишување
Идентификуваат начини за подобрување на пропишување
Идентификуваат извори на информации кои ќе ви помогнат да пропише безбедно – респираторни инфекции, клицоносителство, индикација за антибиотска профилакса (врз основа на упатствата)

Клинички вештини:
Отоскопија
Земање и толкување на брз Стреп тест

Работилница  Кардиоваскуларни ризици – превенција, дијагноза и терапија на хипертензија

Цели на сесијата:

На крај на сесијата учесниците ќе ги освежат своите познавања за Хипертензијата и кардиоваскуларните ризик фактори, домен на примарната здравствена заштита и ќе бидат во состојба да:
Го потенцираат знаењето на превентивните мерки за хипертензија, како и знаењето на сите немедикаментозни месрки наспроти медикаментозната терапија
Ги набројат сите ризик фактори за развој на хипертензијата
Ги сумираат ефектите на кардиоваскуларните ризици
Едуцираат пациенти како да превенираат хипертензија и целни оштетувања на органите како резултат на хипертензија
Дијагностицираат, водат и лекуваат хипертензија и кардиоваскуларни болести на примарно ниво

Клинички вештини:
Одредување на кардиоваскуларен ризик – апсолутен и релативен ризик и препорачани интервенции