Активности

РЕАКЦИЈА НА ЗЛОМСМ

Датум: 07/10/2012

Почитувани,

Ви се обраќаме во врска со средбата помеѓу ФЗО и ЗПЛРМ одржана на ден 01.10.2012 на тема цели.

Имено целта на последната наша средба (ФЗО и ЗЛОМСМ) беше интезивирање на соработката каде беше очигледна желбата за взаемна соработка и во тој контекст очекувавме да бидеме повикани и вклучени во ваков тип на преговори и состаноци кои се однесуваат на промените во примарното здравство. Се надеваме дека овој пропуст е ненамерен и веруваме дека добро сме разбрани за нашата намера и стручен капацитет за решавање на прашањата кои се однесуваат на нас матични, општи и семејни лекари.

Се надеваме дека во иднина вакви ненадејни пропусти ке бидат избегнати и ке бидеме рамноправни и активни учесници за се она што е од важен интерес на лекарот по општа и семејна медицина.
Во иднина очекуваме дека ке бидеме повикани на заеднички состанок за решавање на сите проблеми кои се од заеднички интерес за сите нас.

Со почит,
Управен одбор на Здружение на лекари по општа/семејна медицина.