Новости

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА Р.ХРВАТСКА

Датум: 02/10/2012

На 02.10.2012 год.во Загреб,делегација на Асоцијацијата на лекарите по општа/семејна медицина на Југоисточна Европа на чело со Претседателот на Асоцијацијата Прим.д-р Љубин Шукриев,беше примена од Претседателот на Р.Хрватска Проф.др.сц.Иво Јосипович во неговата резиденција во Загреб.Во деле-

Гацијата беа претставници од осум земји членки на Асоцијацијата и тоа:Хрватска,

Турција,Србија,Црна Гора,Словенија,Република Српска,Федерација Босна и Херцеговина и Македонија.Делегацијата од Македонија ја сочинуваа Претседателот на Асоцијацијата Прим.д-р Љубин Шукриев,Претседателот на ЗЛОМ/СМ д-р Нада Аницин,раководителот на Центарот за семејна медицина д-р сц.Катерина Ставрич и Продеканот за мегународна соработка Проф.д-р сц.Даниела Миладинова.

Претседателот на Асоцијацијата Прим.д-р Љубин Шукриев ја истакна улогата на Асоцијацијата во афирмацијата и развивањето на семејната медицина во регионот,напомнувајќи дека во неа членуваат 11 земји од регионот на Југоисточна Европа.Потоа претставниците од секоја земја го истакнаа местото и улогата на семјениот лекар во својата земја како и со проблемите со кои тој се соочува при својата работа.

Импресионираше вниманието со кое Претседателот Проф.д-р сц.Иво Јосипович ги слушаше присутните а посебно од значење беше неговото познавање за семејната медицина и проблемите на семјениот лекар во Хрватска како и реформите кои се случуваат на примарно ниво.

Морам да признам,дека сите нас,присутни не воодушеви подршката на Претседателот на семејната медицина како и местото и улогата на семејниот лекар во реформите на здравствениот систем како во Р.Хрватска  така и во регионот на Југоисточна Европа.

Разговорот и средбата со Претседателот од еден час брзо помина.Неговата непосредност и пријатност како и пријателскиот однос кон секого од нас,направија,оваа средба да ни остане во трајно сеќавање.Посебно бевме благодарни,сите, без исклучок на Претседателот за подршката за семејната медицина,за нејзината афирмација и нејзиниот развој.

На крајот,заблагодарувајќи се,што издвои време и покрај големите државнички должности,се поздравивме,со ветување дека во некоја друга прилика ќе бидеме повторно негови гост.

 

Претседател на Асоцијацијата

Прим.д-р Љубин Шукриев