Активности
ЗАПИСНИК
Датум: 08/02/2013
З А П И С Н И К
Од одржаниот состанок со Претседателот на Лекарска комора на Македонија на ден 08.02.2013 год.и со преставници од ЗЛОМ-СМ
Состанокот се одржа во просториите на Лекарска комора на Македонија во 10 часот со Претседателот на ЗЛОМ-СМ д-р Нада Аницин и членовите на УО на ЗЛОМ-СМ д-р Ленче Ангеловска и д-р Александра Лазаревска – Давитков.На состанокот беше присутна и Ѓ-ѓа Елена Ѓорѓиевска,Советник по правни прашања при Лекарската комора на Македонија.
Теми за разговор на состанокот беа:
1.Наводното покровителство на ЛКМ за работилниците кои ги држи ЗПЛРМ
2.Саботните дежурства за избраните доктори во Скопје
Т.1 – Претседателот на Лекарска комора на Македонија Проф.д-р К.Чакалароски рече дека ЛКМ во никој случај не е покровител на приватното здружение при држење на работилниците,бидејќи улогата на лекарската комора е да врши акредитација а не и едукација.По негово мислење, ваков тип на работилници можат да вршат само стручни здруженија членови на МЛД и МЛД, како и Медицински факултет преку Катедрата по семејна медицина.Во врска со овој проблем, Претседателот на ЛКМ истакна дека го има запознато и Извршниот Одбор на ЛКМ.
Т.2 – Го запознавме Претседателот на ЛКМ за воведените саботни дежурства за избраните доктори во Скопје.Претседателот беше запознат и за користењето на печатот(факсимил)надвор од ординацијата на избраниот доктор – во просторија на здравствен дом т.е.просторија каде што се дежура.На оваа наше укажување ,Претседателот на ЛКМ ни рече дека за оваа проблематика треба да се разговара со ФЗОМ.
Заблагодарувајќи му се на Претседателот на Лекарската комора на Македонија Проф.д-р К.Чакалароски за издвоенот време и поред големите обврски, се разделивме со ветување дека соработката ќе продолжи и во иднина а се за доброто на избраните лекари и решавање на нивните проблеми.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗЛОМ-СМ
Д-р Нада Аницин