Активности

ЗАПИСНИК НА УО НА ЗЛОМ-СМ

Датум: 05/02/2013

З  А  П  И  С  Н  И  К

Од оддржаниот состанок на управниот одбор на ЗЛОМ-СМ на ден 23.01.2013 во 12 часот, одржан во просториите на МЛД

Дневен ред: 

1. Информација од оддржаната средба со г-дин Никола Грпчевски од Министерство за здравство

2. Информации за 23ти Симпозиум  на ЗЛОМ-СМ

3. Предлози за поканети предлагачи и гости

4. Чланарина

Т. 1 – По точка 1 од дневниот ред даде д-р Нада Аницин, претседател на ЗЛОМ-СМ. Остварена е средба со г-дин Никола Грпчевски од Министерството за здравство на која се разговараше за:

– Работилниците кои треба да се оддржат према новиот Анекс договор со ФЗОМ за 2013 година;

– За саботните дежурства;

– За проблемот со запослување на нов лекарски тим.

Т. 2 – Информација за 23ти Симпозиум на ЗЛОМ-СМ даде д-р Наде Аницин претседател на здружението:

Симпозиумот ке се оддржи од 18-20.10.2013 година во Дом на АРМ. Оваа година Симпозиумот обработува Теми од областа на Пулмологијата и тоа:

– Респираторни инфекции

– ХОББ

– Бронхиална астма

– Туберкулоза

– Слободни теми

Крајнито рок за испраќање на абстракти е 30.06.2013 година. Предавачи ке бидат од земјава и од странство а се најавени веќе посети од Србија и од Турција. Научниот и организационен одбор ке бидат одредени на наредниот состанок на управен одбор а сега се даде приоритет на формирање и дистрибуција на првото соопштение и испраќање на писма/покана до фармацевските преставништва. Уплатата за стручен материјал изнесува 2100 денари (35 евра).

Т. 3 – Бидејки нашето здружение е членка на AGPFMSEE и WONCA Europe се одлучи да се контактираат предавачи од катедрите членки на асоцијацијата и на следниот состанок на управниот одбор членовите да бидат информирани. Во зависност од предлозите и мислењата може да поканиме предавачи и од Европа, но кои што се предавачи/професори на катедрите по семејна медицина.

Т. 4 – Во врска со чланарина за ЗЛОМ-СМ членството беше повторно информирано и потсетено дека треба да се плати на почетокот на новава 2013 година и дека истата изнесува и оваа година 600 денари годишно.

 

На овој состанок на УО се донесе одлука за промена/дополна на логото на ЗЛОМСМ со кратенка на здружението под логото: ЗЛОМ-СМ

 

 

Претседател на ЗЛОМ-СМ

Д-р Нада Аницин