Новости

Известување Министерството за Здравство

Датум: 10/07/2024

Почитувани,

Министерството за здравство Ве известува за следното:

Во насока на спроведување на мерки и активности кои се поврзани со здравјето на населението во Република Северна Македонија, Министерството за здравство во текот на 2024 година во Програмата за скрининг и рана детекција на малигни заболувања  обезбеди дополнителни средства за проширување на активности и тоа за развивање на нова дополнителна програма за скрининг и рана детекција на рак на дебело црево.

За таа цел Министерството за здравство во соработка со Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дебело црево подготви Програма која отпочна  со активности од јуни 2024 година.

Во програнмата како метод за скрининг се изведува скрининг колоноскопија која во  моментот се изведува на ЈЗУ Унивеерзитетска клиника за гастроентерохепатологија. Останати извршители во програмата за скриниг се Министерство зa здравство, – Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, – Управа за електронско здравство, – Институт за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, Медицинскиот факултет, Универзитет Свети Кирил и Методиј – Скопје, – Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија и други здравствени установи кои ќе бидат вклучени во скринингот и – матични доктори.

Идентификувани се пациенти со просечен ризик за колоректален карцином кои ќе бидат опфатени со програмата на возраст од 50 до 75 години, односно во првата пилот фаза ќе бидат опфатени пациенти родени 1974 година од Скопје, кај кои досега согласно достапните податоци од Националниот систем за електронска евиденција не се евидентирани следните состоби и тоа :

Пациенти кои веќе се вклучени во дијагностички или терапевтски третмани за колоректален карцином: полип на дебело црево (К63.5), улцеративен колитис (К51), Кронова болест (К50), малигна неоплазма на колон (C18); состојби кои можат да предизвикаат окултни крвавења и активни хемороидални крвавења, пациенти кои претходно имаат отстрането аденоми со колоноскопија, пациенти кои имаат направено колоноскопија во изминативе 3 години со доказ дека резултатите се уредни.

Матични лекари во примарната здравствена заштита, ќе ги информираат своите пациенти за можноста за скрининг колоноскопија и ќе ги советуваат да направат скрининг колоноскопија, врз основа на листата на пациенти креирана преку Националниот систем за електронска евиденција.

Матичниот доктор обавува разговор телефонски/и или во лично присуство на пациентот во ординацијата на матичниот доктор со што пациентот се информира за придобивките од скрининг колоноскопијата.

Матичниот доктор во системот пополнува прашалник за одредување на нивото на ризик за колоректален карцином (цел на овој популациски-базиран скрининг се лицата со просечен/среден ризик; предлог прашалникот е креиран електронски).

Матичниот доктор врши регистрација во системот на Мој термин дали пациентот прифаќа/не прифаќа скрининг колоноскопија (евиденција дека било разговарано со него и му било посочено за придобивката од скрининг колоноскопија).

Доколку пациентот се согласи: матичниот доктор закажува термин во амбуланта за скрининг колоноскопија во соодветна здравствена установа во која се врши скрининг колоноскопија.

Креирање упат за колоноскопија од страна на матичниот доктор ,при што упатството за прочистување ќе се генерира веднаш со добивањето на термин за скрининг колоноскопија. ( креирано упатство )

Се генерираат два вида на упатства за прочистување: едно за пациентти со термин за скрининг колоноскопија до 12 часот, и упатство за пациенти со термин за скрининг колоноскопија после 12 часот.

Управата за електронско здравство овозможува посебни термини за пациентите за скрининг колоноскопија.

Матичните доктори за секое регрутирање на пациенти за скрининг колоноскопија, а врз основа на електронски креирана фактура, извештај и изјава во националниот систем за електронска евиденција, ќе фактурираат на Министерството за здравство.

Фактурата, извештајот и изјавата за потврда на спроведените активности се потпишуват од Директорот на Приватната здравствена установа.

                              Приватни здравствени установи – матични доктори
Р.б
        активност
кол
 Единечна цена во денари
1.
Регрутирање на пациенти за скрининг колоноскопија – за пациенти кои не дале согласност за скрининг колоноскопија
1
50.00
2.
Регрутирање на пациенти за скрининг колоноскопија – пациенти кај кои е направена скрининг колоноскопија
1
100

 

Во прилог упатство.

Упатство за колоректален